Политика за приватност

Политика за приватност

Прочитајте ги условите за користење и политиката за приватност на сајтот

1. Со оваа Политика за приватност на интернет страницата на www.biskids.mk се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата www.biskids.mk (во понатамошниот текст: Веб страница).

2. Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.

3. Посетата на нашата Веб страница e анонимна. Ние ги собираме личните идентификациски информации од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку пополнување на формуларот за регистрација за купување од нашата интернет продавница.

4. Со користење на нашата Веб страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата страница.

5. Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка.

6. При вршење на регистрација, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци:

–  име и презиме

– e-mail адреса (адреса за е-пошта)

–  адреса за испорака на нарачката

– телефон за контакт

7. Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

8. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.

9. Нашата Веб страница ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.

10. Нашата Веб страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

11. Нашата Веб страница го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Веб страницата.

По направената online нарачка на производите, вашите податоци (Име и Презиме, Адреса, Телефонски број, Количина, и вид на производ) влегуваат во нашиот систем и се испраќаат до избраната компанијата која ќе ја врши дистрибуцијата (Карго Експрес, Нова пошта, Тотал Пост Логистик, итн).

Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која е наведена при самата порачка. Доколку компанијата дистрибутер не успее да ве пронајде на адресата која сте ја навеле, ќе бидете исконтактирани по телефон на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката и ќе можете да договорите нов термин и адреса на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде, пратката ќе биде вратена на адресата од која е испратена. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.

Со цел да се упрости и олесни процедурата за достава на производот, обезбедете лице кое ќе биде присутно за примање/подигнување на нарачката на адресата која сте ја навеле при online нарачката.

При преземање на производите купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

Обработката на нарачките и подготовката на производите за достава се врши во рамки на работното време на компанијата (пон-пет од 08:00-16:00 ч.). Сите достави се вршат само во градови и населени места во Република Северна Македонија.

Од моментот на нарачка, утврдениот рок на испорака е најдоцна до 5 работни дена (најчесто времето на испорака изнесува 2- 3 работни дена).

Трошоците за достава на производите зависат од сумата на нарачката. За поединечни нарачки со сума повисока од 1000 денари доставата е бесплатна. За нарачки под 1000 денари, доставата ја плаќа купувачот и таа чини 120-250 денари (во зависност од моменталните ценовници на компаниите за достава).

Бискидс, Скопје
Мај, 2022

TOP